Фатен бегалец кој треба да одлежи 6 години и 9 месеци во затвор

by fokus

Денеска, полициски службеници од СМПС- Потраги успеале да уапсат бегалец, кој се барал со три потерници за издржување на вкупно 6 години и 9 месеци затвор.

Бегалецот, 38-годишниот Јане П. од Скопје бил пронајден во Неготино, а се барал со три потерници и тоа за издржување на казна затвор од 2 години и 6 месеци, за казна од 2 години и 3 месеци и за една казна од 2 години, а во врска со член 235 од КЗ.

Поврзани новости