Фатен 69-годишен Македонец во Србија со 80 килограми марихуана

by fokus

Македонски државјанин на возраст од 69 години бил вчера уапсен во Владичин Хан во Србија под сомнение дека е дел од криминална група за кримучарење на наркотици. Во неговото возило со македонски регистарски таблички, се пронајдени 80 килограми марихуната.

Како што информираше српското Министерство за внатрешни работи, полицијата го сопрела синоќа камионот во Владичин Хан. Во резервоарот и на други места во возилото биле пронајдени 131 пакет марихуана, со вкупна тежина од околу 80 килограми.

Против осомничениот И.И. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека извршил кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.

Поврзани новости