Од Здружението на членовите на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија -Херои на Македонија 2001-2015, изразуваат сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани.
-Како семејства на загинатите бранители 2001-2015 познати ни се чувствата, болките и ненадоместливата загуба….се уште тагуваме по нашите деца…
Со скршени срца изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите од трагедијата во Кочани.
Нема сила за плачење, нема место за било какви зборови за да се опише тагата, болката и оваа тишина.
За сите сакани кои заминаа и нема да се вратат, за тие кои што многу ни значеа, и за спокој на нивната душа да се помолиме.
Во овие тешки моменти нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите од трагедијата во Кочани.
Нека им е вечна слава, велат од Здружението.