„Фајзер“ проверува случај на алергиска реакција на вакцината во САД

by Fokus 08:33
08:33

Фармацевтската компанија „Фајзер“ внимателно ќе ги провери податоците за појава на тешка алергиска реакција кај медицински работник во американската држава Аљаска на вакцината за новиот коронавирус, развиена од неа во партнерство со германски „БиоНТех“. Ова го потврдија синоќа од Фајзер за Си-Ен-Ен. Медицинскиот работник по примањето на вакцината имал отежнато дишење и зголемен број отчукувања на срцето.

„Ги немаме сите детали од извештајот на Аљаска за потенцијално тешка алергиска реакција, но активно работиме со државните медицински власти“, соопшти компанијата.

- Advertisements -

„Ние внимателно ќе ги следиме сите извештаи за сериозни алергиски реакции по аплицирање на вакцината и, доколку е потребно, ќе го ажурираме списокот на контраиндикации. Упатството за употреба вклучува јасни предупредувања и мерки на претпазливост што треба да се земат предвид”.

Британските медицински власти ги советуваа луѓето склони кон алергии да се воздржат од вакцинација против новиот коронавирус со вакцината на Фајзер/БиоНТех.

Двајца пациенти кои биле вакцинирани на 8 декември, развиле алергиска реакција.

На почетокот на декември, Велика Британија стана првата западна земја што одобри вакцина за коронавирус. Следуваа Канада, САД и други земји

Поврзани новости