„Фајзер“ ги олеснува процедурите за чување на вакцината

by fokus 18:39
18:39

„Фајзер/БиоНТек“ побараа од американскиот регулатор за здравство да ги олесни барањата според кои нивната вакцина против Ковид-19 се чува на ултра ниски температури, што потенцијално дозволува да се држи во аптекарски замрзнувачи.

Како што беше соопштено денеска, одобрението на Управата за храна и лекови може да испрати силен сигнал до другите регулатори низ целиот свет, што потенцијално може да ја олесни дистрибуцијата на вакцините во посиромашните земји.

- Advertisements -
Banner Renault 300x250

Компаниите доставија нови податоци до американската агенција за за температурата за чување на шишенцата со вакцини на -25 до -15 степени Целзиусови за период од две недели.

Според сегашните упатства, вакцината треба да се чува во замрзнувач на температура помеѓу -80 и -60 степени Целзиусови, што значи дека мора да се испрати во специјално дизајнирани контејнери, што не е лесно изводливо во руралните средини.

– Овие податоци можат да го олеснат користењето на нашата вакцина во аптеките и да им дадат поголема флексибилност на центрите за вакцинација, рече извршниот директор на „БиоНТек“, Угур Сахин.

Поврзани новости