Фајон: Ветото за преговори ќе им наштети пред сѐ на граѓаните на С.Македонија

by fokus

Земјите членки на ЕУ не смеат повеќе да го одлагаат отворањето на преговорите за членство со Северна Македонија и ги повика да ја преземат својата одговорност, изјави за МИА европратеничката од Словенија, Тања Фајон.

-Клучно е Северна Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ. Денеска Советот не само што има шанса, туку има обврска да го исполни своето ветување дадено во март, да ги отвори пристапните преговори со земјата. Сите носиме одговорност, и Северна Македонија ја исполни својата работа, секое дополнително одлагање ќе им наштети пред сѐ на нејзините граѓани посебно во овие времиња на пандемија кога економскиот и социјалниот развој и се многу потребни на земјата, додаде Фајон.

Земјите-членки попладнево треба да дебатираат за Северна Македонија и за Албанија, но не се очекува да биде донесена одлука на денешниот состанок за усвојување на преговарачката рамка. Дискусијата требаше да започне околу два часот и триесет минути, но е одложена за најмалку 45 минути поради дебатата за буџетот на ЕУ, кој го блокираат Полска и Унгарија поради механизмот за набљудување на владеењето на правото.

Поврзани новости