Фабрика на Фамилијата за местење на политичките противници

by Фокус 18:00
18:00

Од експресното апсење на Чаушот, до јавното оцрнување на „Фокус“ и драматичните прозивки дека СДСМ е нарачател на фалсификат-личните карти, за да ја дискредитира власта, како Груевски да не е доволно црн и без тоа, разбравме оти е многу поверојатно дека токму Фамилијата стои зад целата местенка. Сосема е логично и возможно, по откривањето на фабриката за пасоши, МВРО-ВМРО да го организирала своето криминално подземје, да испечати и на „Фокус“ да му подметне десетици лажни лични карти, афера со која потоа ќе мафта дека ја стокмила опозицијата и „нејзиниот“ медиум за да го исфлека Груевски, чистунецот антикорупциски!

Пишува
Зоран ДИМИТРОВСКИ

- Advertisements -

Да не е врв на криминален бандитизам, монструозно ниво на државно-партиска мафијашка местенка, гнил, расипан и злобен злосторнички обид за пропагандистички погром против неистомислениците и новинарите, обидот аферата со фалсификуваните лични карти и пасоши да му се префрли на „Фокус“ како наводно намерен соучесник, заедно со „инкриминираниот“ СДСМ во измислената „фабрика за производство на афери“ за дискредитација на власта – целата таа налудничава хајка што се води против нас деновиве би била зрела за третман на светски врвни клиники за психијатрија, а не за на суд.

Да, да, мислам оти и покрај се, не треба да ги тужиме „куририте“ и „куртоните“. Иако тие не плукаат дека заедно со СДСМ, намерно, а не поради некаков професионален новинарски аматеризам (тие ќе зборат за аматеризам – куртони дупнати низаедни!), сме учествувале во местење на аферата за фалсификуваните пасоши и лични карти. Тоа го заклучиле зашто од истрагата, демек од Мартин Протогебелс, кој сега најверојатно ни бира ендек каде да завршиме и Зврле Мустаклијата, кој е зрел за кај железничарот од долгогодишното виткање на кичмата – имале телефонски листинзи, со кои ќе докажеле оти „Фокус“ свесно учествувал во местењето афера против ДПМНЕ и против нивниот невин „во ушите“ пастир!

Не, не, курирчиња, со вас не вреди да се видиме дури ниту на некој суд од иднината кој веќе нема да го води вашето „Сваровски“ судство, море ниту на суд во Шведска. Туку треба час поскоро да почнеме да собираме донација за вас и вашите шефови да ве испратиме на лечење.

Тешка болештина е тоа, драги читатели, во поодмината фаза, мора да е црвјосан криминален ум во прашање, дегенерирана мафијашка патологија, предизвикана од страв од она што ги чека во иднината, кога во својот криминален лик во огледалото наместо својата сподоба го пронаоѓат ликот на својот противник!

Лажат безочно, знаат дека лажат, но умот мафијашки, ѓаволштината злочеста дотука ги шашардисува, што на сите околу себе им велат дека се лажговци, крадат како џамбази од народните милиони, арно ама, не им се верува дека се фатени, па опозицијата и „нејзините“ медиуми ги прозиваат за криминал.

Впрочем, човекот фатен со симнати боксерки, бандитот со „мајбах“ очила и мултимилионски плац на Водно чија Фамилија е до гуша во кал, токму тој човек деновиве прозива бандити и заговорници во опозициските редови, и ечи оти немало да дозволи никогаш во иднина криминалци со измама да дојдат на власт!?

Па, така е, бе, пастиру, кумче калабриско, во една мафијашка држава-партија, на една територија, има место само за една криминална Фамилија, за твојата и на братучед ти! Ете, тоа е логиката на криминалниот ум. Се разбира, нема мафија на светот која својата територија без крв и многу жртви ќе му ја предаде на друг. А секој што сака да ја симне од бандитскиот трон, да ја стави зад решетки, за неа е само поголем „капо“.

Така е тоа во тајните ќелии на мафијашкиот мозок. Таму нема битка на правната држава против мафијата. Таму мафијата се бори против друга, поголема криминална банда! А има ли поголема банда од Фамилијарната партија-држава? За Груевски има!

Затоа и специјалната обвинителка Катица Јанева и олеснувачот на преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ван Хауте, за пастирот се дел од таа домашна и меѓународна мафијашка булумента која сака на Ел Чапо Гузман Де Гвујо да му ја земе територијата. Е не може, мцки, ќе видите на 24 април, само братучедите ќе продолжат да ве пљачкосуваат и да ве тероризираат, и тоа со вашиот украден глас!Katica Janeva 03ЌЕ АПСЕЛЕ НОВИНАРИ, ШКОПАНИ АБДАЛИ!

И така, деновиве, од кујната за плуканици и помија на ДПМНЕ пастирска, излезе фотографија според која клучниот доказ оти аферата со пасошите и личните карти „Фокус“ и СДСМ заедно ја подготвувале во своите фабрички аферашки хали, е еден тепих. Тепихот е истиот, со истите шари, како и оној на видео-материјалот кој „Фокус“ уште во ноември 2014 година го објави како доказ дека во една просторија на непозната локација има тајна фабрика за изработка на пасоши.

Арно ама, на новата курирска фотографија се гледа и Захир Беќири Чаушот, член на СДСМ, според признанието на Заев, де, кој седи на гарнитурата во собата заедно со неколкумина други со замаглени фаци. Куририте го посочуваат Чаушот како чест посетител на таа соба, за подоцна да извлечат заклучок дека всушност тоа е неговиот дом.

Си знаат тие од Протогебелс ендеклијата, та нели тој ја води истрагата!? И во тој дом, ете, била фабриката за пасоши, како впрочем и фабриката за фалсификуваните лични карти, а всушност во таа „гајба“ СДСМ и „Фокус“ имале „фабрика за афери“ против Груевски, за да го оцрнат неговиот лик и дело, кои се всушност светли и ангелски.

Но, да видиме какви докази откриле куририте и да се обидеме да одгатнеме што всушност се крие зад целата афера?

Зашто, добро е работите да се раздиплат вака, на хартија и покрај тоа што и новинарот Љубиша Арсиќ, а и јас како одговорен уредник на „Фокус“ во неколку настапи на ТВ и на порталите во јавноста ги објаснивме нашите мотиви и постапки, а Груевски, Митко Чавков, или недај Боже изгубената во вселената Гордана Јанкулоска (која на Фејсбук сакаше да биде вицкаста, па напиша „Фокус – покус, преварантус“) не се ни обидоа да одговорат на клучните прашања од аферата.

За волја на вистината, куририте, криминално инфицирани со милионските суми кои стојат на сметките во нивните фирми, за кои ги прозива опозицијата – а тие не кажуваат од каде им се – не ни заслужуваат каков било одговор за плуканиците или сериозен новинарски третман, но „Фокус“ има и своја публика, читатели, кои е важно да ги чујат деталите за начинот на кој нашиот неделник ги објави приказните за аферите со фабриката за пасоши и за фалсификуваните лични карти.

Ова особено затоа што куририте од истрагата пренесуваат, а патем и се закануваат, дека новинарот Арсиќ ќе бил повикан на распит во обвинителството! Бре мајката, да не му спремате апс како на Кежаровски, а? А да не ви е шкопан веќе пастирот и ендеклијата за да апсат? Или, да не мислите да не уплашите, за да молчиме?

Да тргнеме со ред. Не знаеме што се на куририте им подметнал првиот обвинителски мустаќ, ама за нивна жал, новинарот Арсиќ, ниту друг од редакцијата, не контактирал со нивниот „омилен“ криминалец Захир Беќири Чаушот на крајот од 2014 г. како што наводно им дојавиле од истрагата.

Но тоа и не е од пресудно значење, освен што куририте го користат за пропагандистички цели, зашто е само дел од пеколната криминална машинерија на ДПМНЕ за местенки. Да потсетиме оти претходно, агит-пропот на ендеклијата, им беше пуштил на куририте и друга црна чума – оти Арсиќ лани добил новинарски награди за текстот за пасошите, а фабриката всушност била „за афери“ на СДСМ и „Фокус“ против власта.

Вистината е дека Арсиќ доби новинарски награди за цела серија текстови, не само за фабриката за пасоши, туку и за фамозните АФИС-и, системи за лична идентификација кои државата ги набави на незаконски начин, а дел од нив недостасуваше!

Значи, почитувани читатели, лани „Фокус“ на својот веб-сајт го објави видео-материјалот со снимки од тајната работилница за изработка на пасоши, кој до нас стигна од анонимен извор и текст со фотографиите од фабриката во неделникот, а тогаш Гоца „Ливче нека снема“ Јанкулоска се испенави да и објасни на јавноста дека тврдењето на „Фокус“ оти во некоја просторија тајно се изработуваат пасоши е несериозно, дека за изработка на пасоши е потребна машина која чини 8 милиони евра – Иво Котевски ги водеше куртон-новинарите да ја снимат машината на МВР и да ги убедат граѓаните дека се е в ред – и дека секој можел да си испечати нешто што наликува на пасош и така да го крсти.

Гоца тогаш поентираше оти МВР не забележало во правниот промет фалсификувани пасоши, ниту на граничните премини, ниту на друго место и аферата со тоа ја стави ад-акта. Со други зборови, МВРО-ВМРО тогаш целосно ја минимизираше тајната работилница за пасоши и му се смееше в лице на „Фокус“, демек што откриле новинарите – некој се мајтапел, си печател лажни пасошчиња, божем играчки за по дома, а „Фокус“ за тоа тенденциозно ја прозива власта!

Но, „Фокус“ тогаш темелно анализираше дека од видеото може да се забележи турски пасош на жена родена во Македонија, кој веројатно послужил за од него да се направи македонска патна исправа. Со други зборови, посочивме на можен криминал, печатење македонски пасоши заради продажба, или можеби заради злоупотреба во изборниот процес, зашто странски државјани со овдешно потекло можеби се здобивале со наше државјанство за да гласаат и тука, а МВР сето тоа го посипа со пепел.

Така што, многу е сомнително и индикативно зошто Груевски и Фамилијата, братучедот и ендеклијата, тогаш не ја покренаа обвинителско-судско-полициската ергела со која командуваат за да ја откријат тајната фабрика за пасоши, односно да спречат, како што денес небулозно и налудничаво тврдат – СДСМ и „Фокус“ да им конструираат „фабрика за афери“!?

Дотолку повеќе што нашата редакција, односно новинарот Арсиќ тогаш во скопското обвинителство, под команда на режимската обвинителка Гордана Гешкоска, го достави видео-материјалот со снимка од тајната фабрика за пасоши и беше подготвен да ги раскаже сите детали за она што го знае, а во весникот објавивме повеќе анализи на експерти, форензичари и сл. за тоа што и кој би можело да се крие зад овој невиден скандал.

Та, нели е логично да се претпостави, оти доколку „Фокус“ имал какви било други мотиви, или учество во некаков заговор со СДСМ против Груевски и ДПМНЕ, каков што денес ни се припишува, попрво ќе ги криел снимките од тајната работилница, а не официјално да ги достави до обвинителството подготвен за целосна соработка со органите на прогонот на Фамилијата!?

И што сака да каже „врховниот курир“ со денешните обвинувања за наводна „фабрика за афери“ – дека неговото МВРО-ВМРО било тотално неспособно? Дека истражните органи, обвинителството и шпионската булумента на братучедот биле толку ништожни, штом лани не успеале да ја пронајдат „фабриката за афери на СДСМ и Фокус“?

Или, можеби, намерно не сакале ништо да преземат, од страв некој во нашиот неделник да не раскаже за криминалот – што е тајната работилница ако не криминално претпријатие – кој тешко оти се одвивал без во него да биле вклучени поединци или групи од МВР! Зашто, само МВР располага со комплетниот идентитет на македонските државјани, со нивните матични броеви, со оригинални фолии за заштитената страница на пасошите итн. итн. какви што забележавме на снимките.

Како и да е, тогаш Гоца и компанија изгледаа толку фитиљосани што некој им ја открива тајната работилница, без оглед дали во неа делувале обични улични криминалци или бандити со бели крагни и лавчиња на реверот, па им беше наједноставно да ја отфрлат аферата и да и се потсмеваат.zbogum gordana jankulovskaНАВРЕМЕ СИ ГИ НАРЕДИЛЕ КАРТИТЕ

Но, види чудо! Откако речиси една година подоцна, во „Фокус“ осамна аферата за фалсификуваните лични карти, 105 на број, кои ни ги достави анонимен извор, шампионите на Фамилијата, како некој да ги збоднал со мамузи во слабините, веднаш почнаа да го прозиваат новиот технички министер во МВР, Оливер Спасовски, од СДСМ, експресно да откриел кој стои зад аферата.

Е, како, драги криминалчиња од ДПМНЕ, веднаш почна да ви оди во прилог брзо да се открие кој стои зад аферата со фалсификуваните лични карти, откако еднаш усти зачепивте, со патент ги затворивте кога беше муабетот за пасошите и за вашата министерка и за вашиот братучед во УБК? Како сега личните карти ви станаа толку важни, а пасошите не ви беа? Да не е дека во меѓувреме сте си ги „наредиле картите“ во тајната фабрика, за вам да ви ујдисаат, вам да ви се погодат? Како, а?

Се разбира, „Фокус“ не располага со разузнавачка агенција, ниту пак има капацитет каков што има полицијата за да открие кој, каде и за какви цели ги печател личните карти, но немавме дилеми дека станува збор за нов скандал од невидени размери и затоа новинарот Арсиќ неколку дена со ред темелно истражуваше консултирајќи безбедносни експерти, за да одгатнеме дали станува збор за лоши или за добро изработени фалсификати, и чешлаше на терен за да открие чии идентитети се украдени, кои се лицата што се повторуваат на дупликат личните карти, за какви цели би можеле да бидат испечатени фалсификатите, односно за што можеле да бидат употребени.

Тогаш се посомневавме дека личните карти најверојатно биле печатени за изборни цели. Зошто инаку еден лик би се повторувал на две или повеќе лажни лични карти со ист идентитет, исто име и презиме, ист матичен број, а различна адреса на живеење и зошто би се краделе идентитети на луѓе одамна иселени од странство? Но и покрај тоа, веднаш објавивме оти таквите фалсификувани нови идентитети сосе адресите ги нема во Единствениот избирачки список!

Проверивме онлајн во списокот и тоа го напишавме. Но, исто така посочивме оти за да се утврди со сигурност дали личните карти биле употребени на избори, треба да се проверат црните вреќи со оригиналните изводи од избирачките списоци за конкретните изборни места поодделно, кои ДИК ги чува во магацините на касарната „Илинден“, зашто можеби идентитетите од лажните лични карти дополнително биле уфрлани во избирачките списоци за овие фантоми луѓе да гласаат. Па, нели чувме од „бомбите“ како Миле Јанакиески се договара да ги отвора „црните вреќи“ за да провери дали неговите гласале за ДПМНЕ?

И во таа прилика, со фалсификуваните лични карти, како и претходно со пасошите, одговорно побрзавме 105-те фалсификувани примероци да им ги предадеме на надлежните органи. ВМРО-ДПМНЕ и куририте излажаа, за свои пропагандни потреби, дека личните карти сме му ги предале на министерот Спасовски, од СДСМ, а всушност ние во МВР му ги предадовме на директорот за јавна безбедност Горанче Савевски и на неговиот тим, на човекот кој е поставен од претходниот министер за внатрешни работи, а сега дополнителен заменик министер, Митко Чавков.

Зошто, значи, ако ја следите логиката, слично како и со пасошите, „Фокус“ би имал каков било мотив да им ги предаде фалсификуваните примероци од личните карти токму на луѓе во МВР што ги контролира Фамилијата, ако сакавме било што да криеме!? И зошто, ако СДСМ учествувал во таква ујдурма, во „фабрика за афери“ против власта за каква што го обвинува сега агит-пропот на Протогебелс ендеклијата, министерот Спасовски би дозволил „Фокус“ да соработува со остатоците на МВРО-ВМРО во неговото министерство и ним да им ги предава фалсификатите. За полесно да им овозможиме тие да го разоткријат заговорот на СДСМ и „Фокус“!?

Плус тоа, поради фактот што материјалот заврши повторно во скопското Основно обвинителство, новинарот Арсиќ беше повикан во својство на сведок и неколку часа одговараше на прашања на обвинителот. Зошто „Фокус“ воопшто би се изложувал на какво било иследување, тормозење пред органите на прогонот на Фамилијата, ако е учесник во фалсификување лични карти?! Нели би било пологично, ако веќе сме правеле нешто незаконито, фалсификат-личните карти, откако ќе ги објавевме, да ги скриеме или да ги фрлиме в ендек. Арно ама, ние не сме ендеклии како Протогебелс. Образ имаме, а не ѓон или куртон!

Патем, обвинителството од нашиот новинар скандалозно бараше да го открие аномниот доставувач на личните карти во „Фокус“, што е директно кршење на Уставот, односно на правото на новинарот и на медиумот на заштита на изворот на информации. Обвинителството, згора на тоа, ги побара камерите од околните објекти на седиштето на „Фокус“ за од нивните снимки да сме препознаеле кој доаѓал во редакцијата и кој ни оставал – пратки!? Како и да е, нашиот новинар соработуваше и ќе соработува со обвинителството со цел да се расветли овој врвен скандал, а никаква закана оти ќе биде повикан на распит нема да не поколеба во откривањето на вистината.

По кусо време, следуваше „бомба“- „откритие на ДПМНЕ“ оти личните карти не биле употребувани на избори!? ДИК потврдил дека не биле, зашто идентитетите ги немало во Единствениот избирачки список! А ние тоа го напишавме уште во првиот текст објавен во „Фокус“.

За жал, ДИК не провери во црните вреќи, но ВМРО-ДПМНЕ беше сигурна – и пастирот и куририте воскликнаа – „Фокус“ лаже! А ние стопати повторивме оти треба детално да се проверат и ликовите што се повторуваат на лажните лични карти, за да се испрашаат тие лица за што ги употребиле. Арно ама, МВР не можеше да провери кои се ликовите што се кријат зад дупликат личните карти, зашто една од машините АФИС-и, која служи токму за тоа – проверка и вкрстување на фотографии од граѓаните кои се во системот на МВР – лежи во подрумот, во магацините на полицијата – неупотреблива, зашто со неа Гоца „Шу прајш“ Јанкулоска не набавила и софтвер.

А зошто не набавила, па за да лови во матно, и за да се чека сега уште неколку месеци, додека МВР набави таков софтвер, за да може, како што е договорено за новите избори, да се направи проверка на сите фотографии на избирачите, за да не се повторуваат нивните идентитети (Според законот, Избирачкиот список ќе биде со фотографии на гласачите).

Значи, од каде можеше да знае Фамилијата кој и за што ги печател и за какви цели биле употребени личните карти и зошто побрзаа да го обвинат „Фокус“? Да не му кумувале самите на скандалот со печатење и местење на аферата?kururКАДЕ ВИ Е АДНАН СУМА, КУРИРИ ПАСТИРСКИ?

И така, доаѓаме до тепихот, до тој крунски или ако сакате, куртонски доказ, дека наводно „Фокус“ намерно и свесно учествувал во пласирањето на аферата со пасошите и личните карти зашто било јасно дека тие биле поврзани – преку тепихот. Се разбира, куририте се надеваат на силата на својата пропаганда, колку посилно и почесто ќе плукаат, толку повеќе ќе ни го избербатат ликот.

Арно ама, и врапчињата знаат оти веднаш откако полицајците, по налог на скопското обвинителство – сите од ред од Фамилијата, со светлосна брзина ја открија фабриката за фалсификувани лични карти, во домовите на Захир Беќири Чаушот и на Аднан Сума, и објавија список и фотографии од тоа какви се машини, предмети и материјал за фалсификување таму се пронајдени, „Фокус“ веднаш препозна дека станува збор за истите материјали и машини кои можеа да се видат на видеото од фабриката за пасоши.

Тоа и го објавивме. Значи, нам не ни беше потребен тепихот, како на куририте, за да видиме дека е во прашање истата фабрика, а сега, тие демек поентираат, како ние нешто да сме криеле!? Непрокопсаници!

Но, камо среќа тепихот да беше доказ за било што. Експресната акција на апсење на Чаушот и на Сума, заврши така што Сума беше уште поекспресно ослободен, а Чаушот беше испратен на одлежување стара затворска казна од шест месеци во Идризово.

Значи, за случајот со фалсификуваните лични карти, за пронајдените обрасци за лажни лични документи, оригинал фолии за пасоши и сл. немаше отворено никаков предмет, ниту пак некому му беше определен притвор.

Како и да е, Груевски и куририте на сите камбани се расчукаа дека ја откриле „фабриката за производство на афери“ на СДСМ. Клучниот доказ за тоа беше дека Чаушот бил долгогодишен член на СДСМ, факт што го потврди и Заев, и дека тој за потребите на опозицијата ја организирал целата афера за да го дискредитира Груевски. Притоа чувме од полицијата дека во становите на двајцата уапсени биле пронајдени повеќе видови материјали за фалсификување и машини, фотокопири и сл. што упатува на тоа дека и двајцата учествувале во производството на тајната фабрика. Но одеднаш, некако, преку ноќ, Сума исчезна од фокусот на курирско–пастирската јавност а Чаушот стана главна ѕвезда за отстрел на Заев, на СДСМ и „Фокус“? А зошто исчезна Сума?

Е па, медиумите објавија дека Сума бил и порано обвинуван и против него имало и судски процес за фалсификување документи, при што се споменуваат косовски универзитетски дипломи. Подземјето него го поврзува со матни дејанија во минатото и за соработка со структурите на МВР изминатите неколку години владеење на Фамилијата.

Сума тенденциозно се огласи преку Фејсбук за да каже дека не ги познавал господата Мијалков и Груевски, како што некој му префрлил, а јавно го пофали СДСМ, Заев и Спасовски, зашто демек верувал во нив. Зад неговиот памфлет можеше да се препознае класична местенка на ВМРО-ДПМНЕ и Фамилијата насочена против опозицијата. Сума продолжи да отсуствува и него го нема до денешен ден во нарачаните блуеници на куририте. Зошто, а курирчиња? Зинете да ви кажам! Така ви наредиле, него да не го чепкате!

Да се разбереме, „Фокус“ не можеше да знае, ниту пак да открие, кој и за какви цели ги печател личните карти и пасошите. По „бомбите“ нам не ни остана ништо друго туку да се сомневаме дека на такви операции за изборни цели била спремна владеачката партија. Но тоа, сепак, оставивме да се докаже, откако ќе се направи вистинска истрага.

Арно ама, скептици сме дека целосно разоткривање на аферата е искрена намера на ВМРО-ДПМНЕ и на Фамилијата. Од експресното апсење на Чаушот, до јавното оцрнување на „Фокус“ и драматичните прозивки дека СДСМ е нарачател на фалсификат-личните карти, за да ја дискредитира власта, како Груевски да не е доволно црн и без тоа, разбравме оти е многу поверојатно дека токму Фамилијата стои зад целата местенка.

Сосема е логично и возможно, по откривањето на фабриката за пасоши, МВРО-ВМРО да го организирала своето криминално подземје, да испечати и на „Фокус“ да му подметне десетици лажни лични карти, афера со која потоа ќе мафта дека ја стокмила опозицијата и „нејзиниот“ медиум за да го исфлека Груевски, чистунецот антикорупциски!

Каква е улогата на Чаушот во таа операција, кој е член на СДСМ, но осудуван за кривични дела, да се надеваме оти ќе разбереме, кога тој ќе излезе од затвор или ако се појави во некаков судски процес за оваа афера.

Но каква е улогата на Аднан Сума и какви биле неговите врски со МВРО, исто така е многу важно да разбереме. Кога Специјалното обвинителство ќе го преземе случајот, а тоа ќе мора да се случи, зашто истрагата објави дека во „фабриката“ се пронајдени десетици илјади снимки од прислушувани разговори, кои сега демек се вештачат, се надеваме дека многу полесно ќе се открие кој, кого и за што го местел.

Сепак, силен индикатор дека може да станува збор за местенка на ВМРО-ДПМНЕ пар екселанс, е информацијата која летово дојде до „Фокус“, според која, до еден друг критички медиум стигнале тајни документи, кои посочуваат дека првите луѓе на Фамилијата, меѓу кои и братучедот Мијалков, наводно имале сметки со милионски суми во долари или во евра во швајцарска банка.

Шпекулациите беа објавени на повеќе фејсбук статуси и несериозни блогови и веб-сајтови, но критичкиот сериозен портал кој ги поседувал, сепак не ги објави споменатите документи. Причината за тоа, според нашите информации, е што нивната автентичност не можела да се потврди.

А ако добро паметите, во фабриката за лични карти и пасоши, во рацијата на становите на Сума и Чаушот, полицијата меѓу другото пронајде и сметки, обрасци, свифтови од швајцарски банки, со милионски суми на имиња од владеачката партија, меѓу кои се спомнуваа првите луѓе на Фамилијата. Куририте тогаш објавија, дека ете, СДСМ имал намера да ги дискредитира и сатанизира Груевски, Мијалков, Јанкулоска дека украле милиони од буџетот кои ги скриле во Швајцарија. А како може некој да ги обвини дека тие се криминалци, кога се чисти како солза, нели?

Арно ама, лажните лични карти не се хипотетички швајцарски сметки чија автентичност мора да се проверува и во Швајцарија, што секако е тешка, неизводлива операција. Личните карти беа испечатени, што се вели „живи“, нив ги имавме в раце сосе автентичните матични броеви и сосе фотографиите на истите дупликат и трипликат ликови. „Фокус“ имаше професионална новинарска задача, откако ги добивме, да ги објавиме, да се обидеме да одгатнеме за какви цели биле печатени, да истражиме на терен – се сомневавме оти биле наменети за избори – а потоа да им ги предадеме на надлежните органи и да чекаме истрага. Тоа и го направивме.

Но Фамилијата и куририте веднаш почнаа да скокаат од радост. Триумфално. Почнаа силно да викаат „Држте го крадецот“? А што мислите, кој најгласно вика – „Држте го крадецот?“ Па, крадецот, се разбира!Jankuloska i GrujoМЕСТАЧИ ПО ВОКАЦИЈА

ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-МВРО имаат сериозно досие и искуство на груби полициски местенки кога станува збор за пресметката со опозицијата и неистомислениците. Да не заборавиме оти речиси сите поистакнати политички, синдикални и други лидери кои им се спротивставија изминативе неколку години, доживеаја понижување, судски процеси, јавно беа жигосани, а некои завршија зад решетки.

Таков беше случајот со млекарот Душко Илиевски, кој и се спротивстави на власта за криминалот во „Сведмилк“, за потоа да му наместат афера дека наводно одгледувал стебла марихуана во дворот. Го затворија заедно со татко му, за на крајот да биде правосилно ослободен. Сличен беше случајот со предводникот на протестите на тутунарите Кире Неделковски, кој одговараше заради наводна обљуба на малолетничка – во случај кој на суд самиот го негираше, но сепак доби шест месеци затвор, што за такво кривично дело е блага казна, ама политички воспитна!

Аферата „Кампања“ на Љубе Бошкоски, кога еден ден по изборите во 2011 г. беше наместен со полициски обработени „паричиња“ да прими партиска донација од 100.000 евра во кеш е веќе евергрин. Во „бомбите“ го слушнавме Мијалков како се фали – „јас реков дека ќе апсам по избори“! Многу помонструозна е местенката за „Ровер“, каде што Љубе го товари фамилијарен бандит, кој тврди дека слушнал разговор оти тој наводно го наредил убиството на Марјан Тушевски. Разбравме во меѓувреме исто така, како се наместени синдикалистот на Клиничкиот центар д-р Дејан Ставриќ, кој беше предводник на штрајкот на лекарите, за потоа да заврши со лисици, класична местенка со мито за наводна помош за обезбедување инвалидска пензија.

Случаи има неброено, од „бомбите“ чувме како членови на Фамилијата договараат испраќање инспекции од УЈП во одредени непослушни фирми блиски до опозицијата, за да ги глобат, и се надеваат дека таму „ќе има пиштење, вриштење“.

Ако ѝ застанете на пат на Фамилијата и на Груевски,  ДПМНЕ е подготвена да ја вклучи веднаш во погон фабриката за местење на политичките противници. За неа работат сите државно-партиски институции. И судството, и обвинителството, и органите на прогонот и Комисијата за лустрација, и Управата за јавни приходи. Ќе ви најдат нешто во минатото, ќе ви наместат нешто денес, ќе ве обвинат за настан кој треба да се случи во иднината! Тие се господари на криминалот.

Во разговор со обвинители, деновиве добивме предупредување, дека како новинари треба да бидеме исклучително внимателни – да не прифаќаме пари на заем од луѓе кои би можеле да бидат наши соговорници, за да не не обвинат за новинарски рекет, да не се договараме со непознати дојавувачи на теми и афери надвор од редакцијата, за да не ни подметнат пари во документите, да не прифаќаме никакви интимни излегувања, пијанки со жени и девојки кои недоволно ги познаваме, за да не не обвинат за сексуално насилство… Списокот на местенки со кој располага Фамилијата е безграничен. Се разбира, ние не се плашиме, зашто вистината е како шило.

Поврзани новости