Изведување дополнителни докази на судењето за мерцедесот на Груевски од 600 илјади евра

by fokus

Во Кривичниот суд за денеска закажано е рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“.

На рочиштето треба да бидат изведени дополнителни докази против обвинетите во овој процес, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Во овој случај обвинета е и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но постапката за неа беше издвоена поради „ризична бременост“.

Груевски, Јанкулоска и Поповски се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Според СЈО, Груевски како премиер побарал од Јанкулоска да определи лице кое ќе спроведе незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило, а се фаворизирала фирмата „Мак Аутостар ДООЕЛ“. За да го исполни барањето Јанкулоска го ангажирала Поповски и двајцата ја злоупотребиле службената положба и овластување. МВР направило набавка на возилото кое требало да и биде дадено на Владата, но според обвинителниот акт, било набавено затоа што Груевски сакал да се вози во такво возило, но не сакал јавноста да знае за тоа.

Тројцата обвинети во овој предмет се изјаснија дека не се виновни за кривичните дела за кои ги гони СЈО.

Судењето за „Тенк“ почна на крајот на јануари годинава.

Поврзани новости