Европскиот парламент подготвува извештај во којшто Бугарија се обвинува за провокативни изјави кон Македонија, пишува БГНЕС

by fokus

Во Годишниот извештај за Северна Македонија поднесен до Европскиот парламент (ЕП), којшто ќе се најде на дневен ред пред европратениците утре и задутре ќе се додадат и амандмани кои се однесуваат на непримереното однесување и провокации на претставници на бугарските власти. Со таков предлог вчера излегле европратеници од Зелените и од Социјалистите, кои ги поднеле амандманите, јави бугарската агенција БГНЕС.

Вчера, во последен момент, групите на Зелените и социјалистите во ЕП доставиле предлози за измени и дополнувања на извештајот. „Со предложените корекции се обвинуваат членови на бугарската влада за провокативни изјави во однос на историски прашања кои ја засегаат Северна Македонија и во таа насока се повикуваат бугарските власти да се воздржат од такво однесување за време на предизборната кампања во Бугарија“, пишува БГНЕС.

Поврзани новости