Европскиот парламент ќе го разгледува извештајот за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ

by fokus

Европскиот парламент на утрешната седница ќе ги разгледа извештаите за напредокот на Македонија, Србија и Косово на патот кон Европската унија.

Во нацрт-резолуцијата за Македонија се посочува дека Скопје треба да го продолжи патот кон ЕУ и да преземе решителни реформи во сферите на владеењето на правото, правосудството, корупцијата, човековите права, внатрешните работи и добрососедските односи.

Европратениците в среда ќе гласаат за одделни резолуции за напредокот на Србија и Косово, како и за ситуацијата во Македонија.

Покрај ова, ЕП ќе гласа и за законски измени за имплементирање на целите за намалување на емисјата на штетни гасови до 2030 година. Законските измени се очекува да помогнат за постигнување до 2030 година на заедничката цел на ЕУ за ограничување за 30 отсто на емисијата на штетни гасови во споредба со нивото од 2005 година.

Европратениците в среда ќе дискутираат и за прашањето за миграцијата, безбедноста и одбраната, во пресрет на Европскиот совет на 22 и 23 јуни. Истиот ден со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер тие ќе го разгледаат и прашањето за повлекување на Велика Британија од Унијата.

Поврзани новости