Европскиот парламент денеска напладне ќе гласа за резолуцијата за Македонија

by fokus

Европскиот парламент денеска ќе гласа за резолуцијата за Република Македонија, која се однесува на извештајот на Европската комисија за 2016 година.

Со оваа резолуција уште еднаш се препорачува започнување на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија.

Европратениците веќе дебатираа за извештајот и за ситуацијата во Македонија за време на мајската сесија, откако претходно беше одложено гласањето поради политичката ситуација во Македонија.

Резолуцијата предложена од словенечкиот европратеник Иво Вајгл е ставена на дневен ред за гласање напладне, заедно со резолуциите за Србија и Косово.

 

Поврзани новости