Европската агенција за лекови цел на хакерски напад, пристап имале до документи за вакцината на Фајзер/Бионтек за Ковид-19

by Fokus

Документите во врска со барањето за одобрување на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против Ковид–19 беа хакирани за време на кибер напад врз Европската агенција за лекови (EMA), објави Фајзер.

-Важно е да се напомене дека ниту системот на Бионтек, ниту на Фајзер не беа оштетени за време на тој инцидент, но не знаеме кои лични податоци се хакирани. Чекаме повеќе информации за истрагата во ЕМА и ќе реагираме соодветно и во согласност со европското право. Земајќи ги предвид клучните размислувања за јавното здравје и важноста на транспарентноста, ние ќе продолжиме да даваме јасни информации за сите аспекти на развојот на вакцините и регулаторниот процес“, се додава во соопштението.

Поврзани новости