Европратениците убедуваат дека има услови за фер избори

by fokus

По средбите со политичките партии, Специјалното јавно обвинителство и претставници од граѓанскиот сектор, европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан излегоа со оптимистички изјави.

Тие изразија задоволство од подготвите за спроведување на изборите, соработката меѓу партиите и изборната атмосфера, убедувајќи дека условите за фер избори се исполнети.

– Имаме причина да веруваме дека изборите на 11 декември ќе бидат фер и транспарентни и дека ќе бидат почеток на ново време за Македонија. Исто така, по изборите ќе биде време да се признаат резултатите од изборите и да почнат да се спроведуваат реформите кои се дефинирани со Договорот од Пржино, потпишан од сите политички партии – рече Вајгл.

Во однос на работата на Специјалната јавна обвинителка, Вајгл рече дека ја повториле нивната поддршка за работата на СЈО.

– И нагласивме дека е важно на јавните обвинителства да не се гледа како да заземаат страна или дека се заинтересирана страна во процесот на избори, и во периодот пред самите избори, нагласи европратеникот.

Поврзани новости