Европратениците се извинија за Северни Македонци: Нема да се повтори, Македонците ќе бидат Македонци!

by fokus

Европратениците кои во писмо до Доналд Туск не нарекоа Северни Македонци, денеска се извинија и рекоа дека тоа било од незнаење.

-Многу ми е жал, но на политичарите понекогаш им треба време за да научат. Македонците се Македонци, а не Северномакедонци. Нема да се повтори! Веќе е променето во официјалниот и-мејл до претседателот Туск, одговори на забелешките германскиот европарламентарец Кнут Флекенштајн.

Се извини и пратеничката Тања Фајон од Словенија:

-„Lapsus lingvae“. Жалам за тоа. Забележано и поправено во писмото до претседателот на Советот на ЕУ“, напиша Фајон.

Поврзани новости