Европратеникот Марк Тарабела приведен

by Fokus

Белгискиот европратеник Марк Тарабела денеска беше приведен во врска со истрагата „Катаргејт“ за корупција во Европскиот парламент во корист на Мароко и Катар. Тој ќе биде сослушан од обвинител, јавуваат белгиските медиуми, повикувајќи се на обвинителството.

Домот на Тарабела бил претресен во декември минатата година, кога биле приведени поранешната потпретседателка на ЕП, Ева Кајли, нејзиниот партнер Франческо Џорџи, таткото на Кајли, европратеникот Антонио Панцери и Николо Фига-Таламанка, шеф на невладина организација. Тарабела постојано го изразуваше своето очекување да биде испрашуван и останува на ставот дека е невин. Имунитетот на Тарабела и неговата колешка Андреа Коцолино беше укинат од ЕП на почетокот на февруари.

Поврзани новости