Европратеничка тројка: Нема оправдување за одолговлекувачките тактики во Собранието

by fokus

Не гледаме никакво оправдување за одолговлекувачките тактики што се користат во Собранието за одложување на изборот на нов спикер и за формирање влада, се вели во заедничката изјава на тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн по средбата со Никола Попоски во Стразбур.

-Како членови на Европскиот парламент кои ги поддржаа сите напори за надминување на актуелната криза и кои работеа напорно за поддршка на европската перспектива на македонските граѓани, длабоко сме загрижени за неоправданото пролонгирање на кризата и за порастот на последици за земјата, вклучувајќи го и влошувањето на меѓуетничките односи. Гласањето за извештајот за земјата за 2016 година веќе беше двапати одложувано како директна последица на несигурноста во земјата и вечерва на пленарна седница на Европскиот парламент ќе дебатираме за ваквата ситуација. И покрај ова, ние силно веруваме дека ситуацијата во земјата може да се подобри преку спроведување на демократски процеси, кои треба да доведат до надминување на политичката криза, се вели во изјавата.

Европскиот парламент доцна вечерва ќе расправа за извештајот за напредокот на Република Македонија во 2016 година.

Поврзани новости