Европа допрва ќе го достигне пикот со заболени од Kовид 19

by Фокус

Ковид-19 се уште се шири и убива голем број луѓе низ цела Европа и засега нема никакви знаци дека е дојден врвот на епидемијата, заклучуваат експертите од Европската агенција за превенција на болестите.

Во извештајот на Европскиот центар за контрола и превенција на болестите се наведува дека бројот на мртви од сите причини, вклучувајќи го и Ковид-19, е поголем од очекуваниот и тоа во Белгија, Франција, Италија, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија.

И покрај неодамнешните податоци од Италија и Австрија, каде дојде до опаѓање на бројот на умрени, во споменатиот извештај на Агенцијата се наведува дека „во моментов нема никакви знаци дека е дојден врвот на епидемијата“.

Директорката на Европскиот центар за контрола и превенција од болести, Андреа Амон, изјави дека со оглед на постојните достапни докази може да се очекува натамошно континуирано ширење на вирусот.

Овој извештај е во корелација со денешната изјава на директорот на СЗО за Европа, Ханс Круге, која кажа дека состојбата во регионот „е многу загрижувачка“.

Поврзани новости