Еврокомесарот за проширување до Николовски: Ласкави пораки, се надевам ќе се исполнат

by Fokus

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархели „ретвитна” пост на Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ кој изрази надеж дека ќе работат заедно на почеток на преговори и нивно брзо затварање пред влезот на Македонија во ЕУ.

Во својот коментар Вархели вели дека се надева дека македонската опозиција ќе го исполни тоа што го порачува Николовски.

-Ласкави пораки, се надевам дека ќе ги исполнат. Среќен сум што работиме заедно, важно е да работиме заедно, пишува еврокомесарот во постот со кој ја споделува пораката на Николовски.

Во пораката Николовски вели дека Вархели е исклучително посветен Еврокомесар.

-Тој влезе во задачата многу амбициозно од самиот почеток, со негова помош се надеваме дека ќе ги отвориме и брзо ќе ги комплетираме преговорите за влез во ЕУ, пишува Николовски во својата изјава.

Поврзани новости