Евробарометар: Македонските граѓани најмалку и веруваат на полицијата

by Fokus

Граѓаните на Македонија имаат најмала доверба во полицијата меѓу сите членки на ЕУ и државите кандидати за членство, покажува истражувањето на Евробарометар.

Доверба во полицијата имаат 34 проценти од Македонците, додека 61 отсто не и веруваат. Најголема доверба во полицијата имаат Финците 95 отсто, Данците 93 и Швеѓаните 87.

Македонците имаат најмала доверба и во војската. Речиси 51 отсто од испитаниците кажале дека имаат доверба во војската, а 41 отсто немаат.

Поврзани новости