Евроамбасадорот и го предаде Извештајот на Лидија Неделкова

by fokus

Амбасадорот Самоил Жбогар, шеф на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, денеска официјално и го врачи Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2016 година на претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

На средбата се разговарало за главните точки споменати во Извештајот во однос на забелешките во поглавјето 23, дел – судството и владеење на право. Во Извештајот на ЕК се наведува дека во Македонија демократијата и владеењето на правото постојано се соочуваат со предизвик, особено поради контролата од страна на државата, што влијае на функционирањето на демократските институции и на клучните области на општеството.

Неделкова истакнала дека Врховниот суд на Република Македонија на своја иницијатива презема активности во насока на подобрување на независноста на судството преку настаните организирани неодамна, како што беше промоцијата на Брионската изјава за начелата за независност на судството, одржана на 9 јуни 2016 година, и Првата меѓународна судска конференција која се одржа на 28 и 29 октомври 2016 година.

Поврзани новости