Евро Балкан: Новото раководство на Универзитетот работи законски

by Фокус

Откако е дојдено новото раководство и новите сопственици, работењето на Универзитетот Евро Балкан, вклучително и изборите во звања, се во рамките на Законот за високо образование. Ние како како ново раководство сме се залагале и ќе се залагаме за доследно почитување на позитивните законски прописи и законски избори на професори во соодветни звања.

Оваа реакција на Универзитетот се однесува на написот во неделникот Фокус дека изборот на директорот на Државниот архив Филип Петровски за доцент по политички науки во 2012 година привлекува внимание од аспект дека недостига рецензентски извештај во архивата и билтенот на универзитетот, дека комисијата што го извршила изборот била несоодветна, како и дека не се исполнети условите за објавени научни трудови.

„Притоа, формирани се комисии кои ја утврдуваат фактичката состојба наследена од претходните раководства. Оној момент кога извештаите ќе бидат усвоени од органите на Универзитетот истите ќе бидат достапни на јавноста и ќе бидат известени надлежните институции“, велат од Универзитетот.

Воедно, од таму појаснуваат дека во рецензентската комисија за избор на Петровски во доцент по политички науки во 2012 година не ја сочинувале професорите Митко Панов, Јован Донев и Рубин Земон, туку професорите Донев, Ѕвонимир Јанкулоски и Данче Галева.

Инаку, Петровски реагираше дека неговиот избор за доцент е законски, додавајќи сите потребни документи, меѓу кои и рецензентскиот извештај, се наоѓаат во архивата на Универзитетот.

В.С.

Поврзани новости