Ставрески: ЕВН и банките нема да плаќаат данок, за возврат ќе ги простуваат долговите на сиромашните

by Фокус 09:01
09:01

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на вчерашниот митинг во Прилеп го објасни начинот на кој Владата ќе го спроведе проектот со кој ќе им се простуваат долговите на најсиромашните македонски граѓани, на околу 50.000 семејства.

– Веќе разговарвме со економските субјекти, со ЕВН и со банките – ние ќе им го простиме данокот за една, две или за повеќе години,  а за толкав износ, тие ќе ги отпишат долговите – објасни Ставрески.

- Advertising -

Вицепремиерот му се обрати и на својот противкандидат носителот на пратеничката листа на СДСМ во четворката, Хари Локвенец.

– Овој вашиот сограѓанин Хари, нешто чешитлија голем е! Откако Марјан Ристески патос избриша со него, 10.000 гласа разлика да изгубиш?! И не му иди умот што викаат, се залета сега ќе бил носител на листа во цела четврта изборна единица. И како помина во првиот круг, со 26.000 гласа разлика! Како олимпиец е овој Хари, важно му е да учествува, не е важно дали ќе победи. Па следно може да очекуваме кандидат за претседател на СДСМ да биде, така оди кај нив – кој поголем пораз има и кој помали шанси тој оди нагоре и го кандидираат. Што велат во Струмица, „ак’лот го лаже“ нема кој да му каже – изјави Ставрески.

Поврзани новости