ЕВН ги санираше дефектите во поплавените подрачја

by Фокус

ЕВН Македонија соопшти дека се санирани сите дефекти во дистрибутивната мрежа во најпогодените подрачја од поплавите во Скопскиот регион и скоро сите корисници во овој регион имаат електрична енергија.

Од таму велат дека нивните екипи остануваат на терен за санирање на евентуалните помали прекини во снабдувањето и ќе работат на замена на оштетената енергетска опрема.

Замената на броилата во поплавените подрачја и санацијата на мрежата се на товар на ЕВН Македонија и ниту еден корисник од овие региони не платил ниту ќе му биде наплатено за оваа услуга.

Поврзани новости