ЕВН донира 200.000 евра за медицинска опрема и материјали и 10.000 за приклучок на новата мобилна болница

by fokus

„ЕВН Македонија“ соопшти дека донирала 200.000 евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема и материјали за потребите на јавниот здравствен систем за справување со Ковид 19, а исто така го донирала приклучокот за електрична енергија во вредност од 10.000 евра за мобилната (полска) болница, што е подигната во рамки на Клиничкиот центар во Скопје.

– Во услови на глобална здравствена криза решивме да ја зајакнеме редовната поддршка, со дополнителна донација за македонскиот здравствен систем. Во овие вонредни услови потребна е заедничка координирана акција за што полесно справување со здравствените, но и со економските последици кои ги предизвикува ширењето на вирусот Ковид-19. Како конструктивен партнер на општеството и понатаму ќе се трудиме активно да помагаме, истакна претседателот на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Штефан Петер.

Компанијата потсетува дека пред шест месеци на Министерството за здравство веќе му донираше прочистувачи на воздух со капацитет од 2.500 кубни метри на час, хепа филтри и респираторни машини за високофреквентна механичка вентилација за новороденчиња, во вкупна вредност од 60.000 евра.

– ЕВН како компанија која врши јавна дејност веќе презеде низа активности за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија за сите граѓани. Сите корисници се насочени да ги користат онлајн услугите на компанијата, а активностите на компанијата се одвиваат согласно сите препораки за физичка дистанцираност, се додава во соопштението на „ЕВН Македонија“.

Поврзани новости