814
Хрватска ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата на ЕУРО2020, откако вечерва одигра 1:1 (0:1) против Чешка во Глазгов, во рамки на првиот натпревар од второто коло во групата Д.
Чешка дојде во водство преку Патрик Шик, откако двојниот стрелец во триумфот во воведното коло против Шкотска беше прецизен од белата точка во 37. минута.
Хрватска го израмни резултатот по две минути игра во второто полувреме преку Иван Перишиќ и за пласман во осминафиналето ќе и биде неопходна победа во третото коло против Шкотска, која вечерва од 21 часот игра против Англија во Лондон.
Чешка води на табелата во групата Д со четири бодови, пред Англија 3, Хрватска 1 и Шкотска без бодови.