Еуфорија со битолското чупе пред Синеплекс

by Фокус

Генерации и генерации деца израснаа собирајќи сликички, забавувајќи се и учејќи нови работи. Битолска млекара ја оживеа оваа убава традиција, со која растевме сите како деца.

Со чаша убаво млеко, збогатено со витамини за здраво детство, албумот со сликички на битолското млеко со витамини е новата детска забава која ја посакуваат сите деца. Љубопитното отварање на сликите, нестрпливото очекување на нови кои недостасуваат, за да се комплетира албумот од 150 сликички е предизвикот на кој се радуваа малите, но и големите. Ова убаво задоволство го почувстувавме и ние, бидејќи токму ова беше глетката во која уживавме цели 4 часа.

a2

Потрагата по омилените клучеви кои недостасуваат, денес поттикна многу дечиња заедно со родителите да се упатат на местото каде ги дружеше битолското чупе. А таа беше прекрасна. Насмеана и расположена, гостољубиво ги разгалуваше сите дечиња кои го викендов го посетија Синеплекс во Скопје Сити Мол. Еуфоријата за комплетирање на сликичите кои фалат, беше надополнета со  интересни забавни мигови на кои се радуваа сите дечиња. Креативни игри, цртање, едукација за витамините кои му требаат на секое дете, па дури и игри на Плејстејшн, будеа многу насмевки на лицата кои денес  одаваа  израз на задоволство, комбинирани со посветеноста на страсното собирање сликички.

a10

Мене ми фалат само уште два клуча, ни раскажа расположениот Марко, кој додаде дека сака да патува во Берлин. Кога го прашавме зошто, тој експресно ни одговори дека сака да биде главниот кој ќе ја посети Зоолошката градина во Берлин.

a9

Александра ни раскажуваше за сите витамини кои ги знае, а Андреј посакува да добие Плеј стејш 4ка.

a

И ние посакавме да си играме, но и да стигнеме до убавите награди за кои денес ни раскажуваа дечињата со сликички од млеката на Би Милк со витамини.

a28

Па, затоа внимателно го распрашавме битолското чупе да ни раскаже што треба да направиме и ние, за да имаме насмеано лице како сите овие дечиња во Синеплекс. А таа го задоволи нашето љубопитство, откривајќи ни прво дека треба да пиеме млекце со витамини.

a19

Потоа да ги собереме 10те сликички со клуч, кои треба да ги залепиме во албумот, а нелепливиот дел од нив да го пратиме во плико за учество во наградната игра. Ако ова го направиме, можеби и ние ќе стигнеме до награда:  Плејстешн 4,  вредносна  картичка од 3.000 денари или семејно ќе патуваме во Берлин и посета на берлинската зоолошка градина.

a22

Ние почнуваме од денес да собираме сликички, па ќе ја чекаме следната средба.

Поврзани новости