ЕУ: Средбата во Виена откажана како последица од прекршувањето на „Пржино“

by Фокус 13:12
13:12

Од Европската комисија за Дојче веле потврдија дека средбата на македонските партиски лидери што требаше да се одржи утре во Виена е откажана и изразија жалење што нема да се одржи.

-Постојано велевме дека прекршувањето на Договорот од Пржино ќе има сериозни последици за земјата. Длабоко ќе жалиме доколку се случат некои ретроградни чекори во Скопје кои натамошно ќе ја оддалечат земјата од нејзините аспирации за влез во Европската Унија, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

- Advertisements -

 

 

Поврзани новости