ЕУ со предупредување до Албанија

by Fokus

Делегацијата на Европската унија во Тирана ја предупреди албанската влада дека нејзиниот проект за воспоставување шема за државјанство за странски и богати инвеститори претставува ризик за земјата и може да влијае на слободното движење на албанските граѓани во Шенген зоната, јави агенцијата Балкан веб.

Според истиот извор, како одговор на прашањата на БИРН, делегацијата на ЕУ исто така нагласува дека оваа позиција им била јасно кажана на албанските власти преку неколку извештаи на Европската комисија, третиот и четвртиот извештај за механизмот за суспензија на визите, како и на неколку средби со официјални лица на ЕУ, одржани во изминатите неколку години.

-Комисијата презеде силни мерки против шемите за државјанство за инвеститорите внатре и надвор од ЕУ. Комисијата смета дека овие шеми се спротивни на законите на ЕУ, бидејќи го нарушуваат начелото на искрена соработка и концептот на државјанство на ЕУ, изјавиле за БИРН од делегацијата.

Поврзани новости