Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, објави на Твитер дека им предлага на европските лидери да прифатат одложување за кое Џонсон вели дека не го сака, но било правно потребно.

Европските официјални претставници велат дека најверојатно сценарио е ЕУ да одобри тримесечно одложување и да им овозможи на Британците да излезат порано ако ги донесат потребните закони. Исто така, постои можност некои земји од ЕУ како Франција да побараат пократко одложување, само за неколку дена или недели.

Портпаролот на Џонсон изјави дека во случај на одложување до крајот на јануари, ќе бидат потребни избори во Велика Британија, кои би можеле да се одржат пред Божиќ.

Вчера, откако британскиот парламент не го поддржа законот за спроведување на договорот, се согласи со Брисел да се донесе според забрзаната тридневна постапка, а привремено да го повлече законот од собраниска процедура.

Владата тврди дека е потребна брза постапка за исполнување на крајниот рок следната недела, но пратениците инсистираат дека им треба повеќе време.

Сега е на водачите на 27 земји-членки на ЕУ е да одлучат за крајниот рок на 31 октомври.

„Најверојатниот исход е продолжување до 31 јануари, како што бара Лондон, со можност Велика Британија да излезе порано ако ги заврши своите законски процеси“, изјави еден европски дипломат вклучен во преговорите за „Брегзит“.

„Во основа, веднаш штом Британците се подготвени, тие можат да излезат“, додаде тој.

Не е познато дали Франција ќе се согласи со планот. Извор од канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон доцна синоќа изјави дека Париз е подготвен да додели одложување на неколку дена, но не подолго. Француските власти и денеска се држеа на тој став, и покрај тоа што Туск побара тримесечно одложување.