ЕУ: Партиите да ја почитуваат работата на Јанева!

by Фокус 12:32
12:32

Мисијата на Европската унија во Скопје ги повика политичките партии да ги почитуваат Договорот од Пржино, но и работата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Оваа порака од ЕУ доаѓа откако премиерот Никола Груевски во говорот на Унијата на жени ја прозва Јанева како инстурмент за доаѓање на власт на опозицијата.

- Advertisements -

„Сите потписници на Договорот од Пржино треба да ја поддржуваат работата на Специјалното јавно обвинителство и на четиристраните работни групи“, напишаа од Делегацијата на ЕУ на „Твитер“.

Поврзани новости