ЕУ од следната недела ќе почне да штеди гас

by Fokus

Намалувањето на потрошувачката на гас од 15 отсто во ЕУ ќе стапи на сила „на почетокот на следната недела” за да се компензира намалувањето на испораките од Русија, објави чешкото претседателство со Советот на ЕУ.

Регулативата за намалување на побарувачката на гас е формално усвоена. Текстот ќе биде објавен во Службен весник на почетокот на следната недела и ќе стапи на сила еден ден по објавувањето”, прецизираше Претседателството на својот Твитер профил.

Тој треба да биде објавен во понеделник и ќе стапи на сила во вторник, изјави европски дипломатски извор.

Поврзани новости