ЕУ: Очекуваме двете страни да придонесат за атмосферата на помирување на преговорите на 4 април

by Fokus

Европската унија очекува од средбата меѓу Белград и Приштина, која ќе се одржи во вторник, на 4 април во Брисел, двете страни да придонесат за атмосфера на помирување, нормализација и брзо спроведување на договореното, соопшти денеска прес-службата на ЕУ.

Како што е наведено, на средбата на двајцата главни преговарачи од Белград и Приштина, чиј домаќин ќе биде специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, ќе бидат сите детали поврзани со спроведувањето на Договорот од 27 февруари и неговиот анекс од 18 март.

На прашањето за напис во некои медиуми дека рокот за регистарски таблички истекува на полноќ, прес-службата во одговорот за Танјуг наведува дека договорот за регистарските таблички од 23 ноември нема рок на траење.

Поврзани новости