ЕУ очекува до септември да бидат вакцинирани 70 отсто од граѓаните

by Fokus

Околу 33 милиони пристигнати дози вакцини, 22 милиони вакцнирани со една доза, 7 милиони со две дози, е билансот од вакцинацијата против ковид-19 која започна на 27 декември (освен Германија и Унгарија кои почнаа ден порано), објави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на прес-конференција, најавувајќи дека овој процес постепено ќе се забрзува.

Во моментов, во ЕУ одобрени се три вакцини: „Фајзер/Бионтек“ (до 600 милиони дози), „Модерна“ (160 милиони дози) и „Астра Зенека“ (до 400 милиони дози).

Покрај тоа, ЕК потпиша договори за набавка на вакцини за ЕУ ​​со „Џонсон и Џонсон“, „Санофи-ГСК“ и „КјурВак“.

До денес, „Санофи- ГСК“ и „КЈјурВак“ сè уште немаат поднесено барање за одобрување на своите лекови на пазарот на ЕУ, а „Џонсон и Џонсон“ тоа го направи во вторникот.

Вчера, Европската комисија го одобри вториот договор за набавка на вакцината „Модерна“, за дополнителни 300 милиони дози, а потоа и втор договор со германската компанија „БионТек“ и „Фајзер“ за набавка на дополнителни 300 милиони дози од вакцината.

Врз основа на договорите, земјите од ЕУ ќе имаат пристап до над 2,3 милијарди дози вакцини против коронавирус. Очекувањата се дека до средината на септември, околу 70 отсто од Европејците ќе бидат вакцинирани.

Сепак, во последните неколку недели, ЕУ се соочи со голем број предизвици во снабдувањето со нарачаните вакцини од „Фајзер“ и „Астра Зенека“, кои се закануваат да ги попречат ваквите амбициозните планови на Брисел за вакцинација.

 

Поврзани новости