ЕУ ќе купи вакцини и таблети против мајмунски сипаници

by Fokus

Европската унија одлучи да купи вакцини и антивирусни таблети за борба против мајмунски сипаници, вирус кој е ендемичен во Африка и вообичаено редок на други места, изјави денеска координаторот за вакцини во Шведска, Ричард Бергстром.

„По неколку состаноци, беше одлучено да ги купиме вакцината и антивирусни табети“, изјави координаторот.

Како што е најавено, ЕУ ќе купува вакцини „Имванек“ од Баваријан Нордик и антивирусни таблети „Тековиримат“ од Сига Технолоџис.

Бергстром изјави дека ЕУ се уште нема потпишано договор со ниту една компанија.

„Но, ќе го направиме тоа наскоро.Треба да имаме готов до говор за една недела, а можеби и ограничени испораки во јуни“

Поврзани новости