ЕУ ја одложи мерката за наплаќање влез во Шенген зоната за жители на трети земји

by fokus

Европската Унија го одложи воведувањето на таканаречениот ETIAS систем, кој предвидуваше плаќање седум евра за влез на возрасни граѓани од трети земји во Шенген зоната.

Според најавите, овој систем е еквивалент на ESTA системот на САД, а неговата примена требаше да почне во мај 2023 година, но неговата примена беше одложена за ноември, по што граѓани на возраст од 18 до 70 години кои во ЕУ ќе стигнат од странство мора да поднесат барање за престој во Шенген зоната и да го платат. Овој услов ќе важи за сите британски и американски посетители, но и за нас, за Србија, Босина и Херцеговина и други земји.

Накнадата треба да се плати на посебни интернет страници или апликации, а самата процедура би требало да трае до четири недели. Но, кога дозволата ќе биде одобрен, таа ќе важи до три години и ќе овозможи посета на сите 26 земји членки на Шенген.

Плановите за воведување ETIAS систем постојат веќе неколку години, а неговата цел е воспоставување подобар систем за надзор на шенгенските граници низ проверка на патниците.

Шенгенот опфаќа повеќе земји членки на ЕУ, но и земји како Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.

Поврзани новости