ЕУ ја блокираше испораката на вакцини „АстраЗенека“ за Австралија

by fokus 18:55
18:55

Европската комисија и Италија ја блокираа испораката на вакцината АстраЗенека за Австралија со образложение дека овој произведувач не ги исполнил обврските од договорот со ЕУ.

АстраЗенека побарала дозвола од италијанските власти за извоз на 250.000 дози од фабриката Анагни во близина на Рим.

- Advertisements -

Италијанската влада одбила да издаде дозвола, а Европската комисија ја поддржа во тоа. Европската унија за прв пат ја искористи можноста за забрана на извоз на вакцини против ковид-19.

Унијата во јануари воспостави регистар за следење на извозот на вакцини во рамки на меѓусебниот спор со британско-шведскиот производител, со цел да се следи дали компанијата ги исполнува своите договорни обврски кон ЕУ.

Тој механизам им дозволува на властите во одделни земји-членки на Унијата, во консултација со ЕК, да блокираат извоз кон локација надвор од ЕУ доколку блокот смета дека производителот не ги исполнува обврските кон него.

АстраЗенека се уште не ги испорачала во ЕУ ветените дози на вакцини, а предвидените испораки од 80 милиони двојно ги намалила на 40 милиони дози, со образложение дека се соочува со проблеми во производството.

Поради сомнеж дека вакцините произведени во ЕУ им се продаваат на земји надвор од Унијата, воспоставен е регистар за следење на извозот на вакцини.

Поврзани новости