ЕУ испраќа експертски екипи за помош во поплавените подрачја

by fokus

Европската Унија го активира механизмот за цивилна заштита за помош на настараданите во поплавите во Македонија.

Европската комисија јави дека екипи на технички експерти ќе пристигнат утре во Скопје. Тие ќе работат на утврдување на штетите од поплавите и ќе даваат совети на локалните власти за справување со ситуацијата.

– ЕУ е подготвена да и даде поддршка на БЈР Македонија во овој тежок период. Во контакт сме со властите во Скопје за да се овозможи брз одговор на барањето. Веќе испративме хуманитарен експерт денеска, а екипа на цивилна заштита ќе пристигне утре. Ги охрабрувам понудите за помош да дојдат што е можно побрзо. Ние сме, исто така, подготвени да обезбедиме и хуманитарна помош доколку е тоа потребно – вели комесарот за хуманитарна помош Христос Стилијанидес.

Од Комисијата соопштуваат освен ангажирање на експерти, ЕУ ќе обезбеди „Коперник“ сателитски снимки на службите за итни случаи кои работат во погодените области.

Поврзани новости