ЕУ ги додели наградите за истражувачко новинарство

by Fokus

Делегацијата на Европската Унија во Македонија ги додели наградите за истражувачко новинарство за 2016 година. Жирито на чело со Марина Тунева наградата за најдобра истражувачка сторија за 2016 година му ја додели на новинарот Александар Димитриевски за сторијата „Субвенции за растително и сточарско производство“, објавена на истражувачката мрежа Призма.

Второто место му припадна на Зоран Јовановски со сторијата „Пеплишта на смртта“, објавена во емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија. Наградата за најдобра сторија на млад новинар ѝ припадна на Славица Филиповска за темата „Бугарски пасоши за чиста Македонија“, објавена исто така на емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија.

Поврзани новости