ЕУ без конкретен одговор кога ќе пристигнат ветените вакцини за Македонија

by fokus 16:13
16:13

Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, не беше во можност да каже кога Северна Македонија и другите земји во регионот ќе ги добијат вакцините против Ковид-19 ветени од ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефчович повтори дека Европската Комисија и земјите членки го “поддржуваат“ и “стојат во солидарност“ со Западниот Балкан, како и со другите земји од источното и јужното соседство на ЕУ, во борбата против вирусот.

- Advertisements -

Потпретседателот меѓутоа не беше во можност да одговори јасно на прашањето на МИА кога Северна Македонија ќе ги добие вакцините, ниту зошто не се пристигнати ветените дози од Грција и Бугарија.

Денеска министрите за европски прашања одржаа состанок во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ кој е закажан за 21 јануари, и разговараа, меѓу другото за кампањата на вакцинација во ЕУ.

Самата ЕУ се соочува со внатрешни тензии поради неефикасна координација помеѓу земјите членки во набавката на вакцините. Шефчович истакна дека ЕУ е “главен донатор“ на коалиција Ковакс, која има за цел да им помогне на земјите со пониски приходи да добијат вакцини за своето население.

-ЕУ ќе стори сѐ за Ковакс да донесе резултати, изјави Шефчович.

Поврзани новости