ЕУ бара итни реформи во државните служби за безбедност и во судството

by Фокус 18:05
18:05

Потпретседателот на Владата на Република Македонија, Фатмир Бесими, попладнево во Брисел се сретна со комесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, кој му предаде извештај со итни и приоритетни мерки кои неформалната Влада на Европската унија бара од Македонија итно да ги спроведе пред издавање на октомврискиот прогрес-извештај за напредокот на земјата.

-Се работи за документ од неколку страници што опфаќа повеќе области. Пред се независност и неселективност на судството, потоа извештај во однос на државните служби за безбедност во Република Македонија и соодветни реформи што се потребни таму, како и реформите во однос на изборниот процес, слободата на медиумите и изразувањето. Се работи за извештај на ЕК што е апдејтиран со најновите случувања, појасни вицепремиерот Бесими.

- Advertisements -

Како што вели тој, главна порака која ја добил денеска е дека во ЕУ се сериозно загрижени за настаните во Република Макеоднија во однос на политичката состојба.

Од кабинетот на еврокомесарот Хан велат дека двајцата разговарале за актуелната политичка криза во земјата, со цел да се поддржи напредокот во дијалогот на политичките партии кои се вклучени во истиот. Комесарот го повторил својот повик до сите партии да најдат траен политички компромис, изграден на договорот што веќе го постигнаа на 2. јуни.

 

Поврзани новости