Естрадните политичари кои креваат врева за Законот за легализација на дивоградбите нека поднесат илјадници амандмани, изјави Мицкоски

by fokus 16:50
16:50

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не се согласува со констатациите во јавноста дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го донеле сложно Законот за легализација на дивоградби и потврди дека за ова законско решение разговарале со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев бидејќи тоа бил еден од законите за кои опозицијата била обвинета дека го кочи.

-Не би рекол дека опозицијата и власта сложно го донесоа, тоа беше закон за кој што разговаравме со Зоран Заев уште на онаа тет-а-тет средба нели тоа беше еден од оние закони кои што опозицијата беше обвинета од страна на власта дека го кочи така што не ги се согласил со ова ваше би рекол провокативно тврдење дека сложно го донесоа. Јас се чудам навистина таму има неколку естрадни политичари во Парламентот кои што потоа кренаа голема галама, еве во овој стил ,еве дека опозицијата и власта тоа го донесоа и се чудам зошто тие естрадни политичари не поднесоа неколку илјадници амандмани да го блокираат овој закон ако не се сложуваат. Има и таква можност пратеникот во парламентот преку филибастеринг да блокира определени законски решенија ако види дека неговото право да го аргументира со амандмани и да интервенира му е ускратено. Така што јас навистина ги одбивам би рекол тие квалификации, рече Мицкоски.

- Advertisements -

Тој ги повика пратениците кои се против ова законско решение да го блокираат во Собрание, сега кога претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за овој Закон и кога повторно ќе треба да се врати во Собрание.

-Еве и сега овој закон повторно ќе дојде претпоставувам во парламентот таква е уставната траекторија и ги повикувам сите пратеници и оние естрадни политичари во парламентот да поднесат неколку илјадници амандмани и да го блокираат овој закон ако мислат дека не треба да се донесе за да не биде после тоа ad hominem напади и дневно политиканство во услови кога имаме пандемија и буквално е урната државата поради неспособните политики на оваа власт, додаде Мицкоски.

Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира законот за продажба на државно земјоделско земјиште.

Според процедурата, сега, откако Пендаровски не го потпиша указот, пратениците може да го донесат истиот закон за 30 дена и имаат право да поднесат амандмани само на забелешките на претседателот. После оваа процедура, Пендаровски има обврска да го потпише Законот.

Собранието може да го има рок од триесетина дена за да го донесе повторно истиот закон Пратениците имаат 30 дена, доколку сакаат, повторно да го донесат законот. Амандмани можат да поднесат само на забелешките на претседателот.

Поврзани новости