Стефанова се закани дека ќе бара притвор и за други обвинети, Тасевски бара веќе да нема репресивни мерки

by fokus

Откако обвинителката Лиле Стефанова се закани дека ќе бара притвор и за други обвинети доколку добие сомнеж дека се спремаат за бегство, а адвокатот Боро Тасевски  побара повеќе да не бидат изречени репресивни мерки за другите обвинети.

-За мене е крајно неприфатливо и понатаму да се превземаат репресивни мерки за обвинетите, истакна Тасевски.

Тој дури и се повика на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, односно истакна дека обвинетите во случајот “Титаник” веќе биле помилувани.

Утринава поради сомнеж дека се спремаат за бегство, притвор добија Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Поврзани новости