ЕСМ ќе проверува дали топланите Исток и Запад може да работат и на дизел

by Fokus

АД ЕСМ по 15 ноември ќе изврши практична проверка дали двете топлани Исток и Запад можат да работат на дизел. Тест периодот, како што денеска информира генералниот директор Васко Ковачевски, ќе трае 10 дена, а временските услови и намалениот конзум на топлинска и на електрична енергија овозможуваат тоа да се направи.

ЕСМ веќе има набавено природен гас за топланите Исток и Запад до 15 ноември. По преземањето на топланите Исток и Запад под закуп од АД Адора,  ЕСМ, како што истакна Ковачевски, веднаш почна да ги подготвува да можат да работат и на алтернативно гориво како втора варијанта, а тоа е дизел горивото во случај да го нема природниот гас или да има екстремно висока цена.

-Од 15 ноември ќе бидеме подготвени да направиме одреден тест период да се вклучат топланите Исток и Запад на дизел гориво со цел да го пробаме системот и да видиме дали може да работи и со овој енергенс, бидејќи во минатото работел на мазут кој е еколошки многу понеподобен. Тоа го правиме за да бидеме сигурни дека во целост ќе можеме да ги задоволиме потребите со топлинска енергија во подоцниот период на грејната сезона или во наредните сезони и доколку има проблеми со набавка на природен гас, изјави Ковачевски.

Поврзани новости