Ешерихија коли во јавните чешми на Водно

by Фокус 11:56
11:56

Агенцијата за храна и ветеринарство забранила да се пие водата од четири јавни чешми на Водно, информираше Општина Центар.

– Во водата по лабораториската анализа на хемиска и бактериолошка исправност констатирано е дека не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број на колиформи бактерии и поради наод на Escherihia Coli.

- Advertisements -

Станува збор за јавните чешми Жичара, Преливна цевка и Шумска куќа на средно Водно и чешмата под Свети Јован во Капиштец. Агенцијата за храна и ветеринарство препорачува перманентна дезинфекција на водата и напоменуваме дека овие води не се од водоснабдителниот систем на ЈП “Водовод“ – велат од локалната самоуправа

Поврзани новости