Есад Рахиќ: Албанците ќе формираат заедница на општини во Западна Македонија ако не влеземе во ЕУ и НАТО

by fokus 13:29
13:29

Поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ, прогнозира дека ќе биде големо незадоволството кај етничките Албанци доколку Македонија ја пропушти шансата за ЕУ и НАТО. Во дебатна емисија на ТВ Алфа, Рахиќ вели дека 80 отсто од граѓаните сакаат во НАТО и никој не може да ги спречи во тоа.

-Вие не сфаќате во кој свет живеете – му вели Рахиќ на соговорникот од Левица.

- Advertisements -

-За шест месеци, најкасно две години, ќе се формира сојуз на општините во Западна Македонија кои ќе излезат на референдум и ќе речат дека сакаат да живеат во Македонија, меѓутоа сакаат да бидат дел од ЕУ и НАТО.  Тоа би било заедница на општини. Јас не се заканувам. 2001 бев во Рашче за разлика од многу „патриоти“ кои беа на Халкидики. Се обидувам да размислува со ладна глава – изјави Рахиќ.

Тој предвидува дека по референдумот Заев ќе направи реконструкција на Владата и вели дека дел од луѓето што се „офајдија“ од криминални тендери ќе си го добијат тоа што го заслужуваат.

-Разликата доколку Македонија влезе во ЕУ е во тоа што Македонците и понатаму ќе одат на Запад да бараат работа, но нема да одат со бугарски пасоши. Ако Заев или Апасиев не им обезбеди нормална работа, ќе си одат, но ќе одат како Македонци, а не Бугари – порачува Рахиќ кој во 2014 година излезе од раководните структури на СДСМ.

Поврзани новости