Жител на Тимјаник и понуди на Царовска еден хектар од неговата нива за градинката да се изгради

by fokus 15:48
15:48

На денешниот протест против изградба на групен дом за деца со попреченост жителите на Тимјаник и се пожалија на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, дека немаат вода во поголем период од денот и дека нивните чешми секнуваат, дека улиците им се во кал и неасфалтирни, а платите ниски до 200 евра.

Министерката се обидуваше да објасни дека на локацијата каде е предвиден домот, не може да се изгради градинка и дека домот ќе биде наменет за три деца со попреченост кои се неподвижни.

- Advertisements -

-Ќе направам се за да добиете градинка. Но тие деца со попреченост кои имаат постари родители треба некаде да живеат по нивната смрт. Затоа да им направиме услови да живеат во близина на нивните роднини – рече Царовска.

Жителите го побараа премиерот и прашуваа кој одлучил на ова место да се гради групен дом.

-Ако треба нека не кољат, нека не бесат, во затвор нека не бутнат, но нема да дозволиме дом – порача еден од селаните.

Друг пак ја понуди својата нива со цел планираната градинка сепак да се изгради.

-Ќе ви дадам хектар во нива да изградите објект таму. Мене дедо ми ми ја дал таа нива јас ќе ви ја дадам на вас, не барам надомест, за да не се мачиме – рече тој.

Царовска одговори дека домот мора да се изгради во населено место, во близина на роднините на децата со попреченост.

-Она што го нудите е нива надвор од селото, на маргините, идејата на оваа програма, е да биде блиску до сите нас – рече таа.

Царовска им вети на жителите дека ќе ги посети за една недела и беше испратена со негодување од нив.

Поврзани новости