Заев по средбата со Меркел: Уверен сум оти ќе започнеме преговори со ЕУ оваа година

by fokus

Македонија нема да добие летово датум за преговори со ЕУ. Како што информираше  премиерот, Зоран Заев, по средбата со германската канцеларка, Ангела Меркел, Бундестагот во септември ќе одобри старт на преговорите.

Зав порача дека е уверен оти земјава ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година.

„Канцеларката Меркел нѐ информираше дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на СР Германија за прашањата за проширување на Унијата. На средбата канцеларката потенцираше дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.

Во СР Германија, како и во другите земји членки, неоспорно се признаени резултатите од реформите кои се потенцирани во извештајот на Европската Комисија и дека позитивно се гледа на препораката на ЕК за започнување на преговори за членство во ЕУ“, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Поврзани новости