Заев ќе патува за Рим, Италија сака да го врати на маса проширувањето на ЕУ

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, е поканет во Рим од италијанскиот премиер, Џузепе Конте, непосредно пред новиот Совет на министри на ЕУ кој треба да се одржи на 19-ти ноември. Неофицијано Заев е поканет затоа што Италија сака повторно да го отвори прашањето за проширување на ЕУ.

Од кабинетот на премиерот потврдуваат за „Фокус“ дека Италија ќе го наметне ова прашање на новиот министерски состанок, кој ќе се одржи на средината на ноември.

Враќањето на маса на ова прашање би значело отворање дебата меѓу земјите членки на ЕУ и нова можност за консензус откако Македонија не доби датум за отворање преговори на Самитот на европските лидери во Брисел.

Во меѓувреме македонските и регионалните медиуми шпекулираат за можно доаѓање на францускиот претседател, Емануел Макрон, во посета на Албанија и Македонија.

Албанскиот премиер, Еди Рама, потврди дека наскоро ќе има значајни средби, меѓу кои и средба со Макрон, но од Владата на Илинденска велат дека се уште немаат потврда за евентуално доаѓање на Макрон во земјава.

М.В.

Поврзани новости