Посмртни останки на албански жртви од геноцид ќе бидат погребани денеска во Зајас

by fokus

Од ДУИ соопштуваат дека денеска во Зајас, Кичево, ќе бидат погребани посмртните останки на албанските жртви од масакрите од 1913 година па се до втората светска војна кои, како што велат од партијата, беа пронајдени во некои масовни гробници.

По барање на Организацискиот Совет за откривање на злосторствата врз албанците во минатиот век, Али Ахмети, како иницијатор на активностите за расветлување на геноцидните злосторства  врз Албанците, ќе држи говор пред присутните заедно со Беким Јашари од Косово и Пандели Мајко од Албанија.

Погребот на посмртните останки на жртвите на геноцидот врз Албанците ќе се одржи во Меморијалниот центар „Албанска мајка“ во Зајас кај Кичево со почеток во 13.00 часот.

Поврзани новости