По 20.000 денари хонорар добија професорите кои дебатираа за уставните измени

by fokus

Професорите кои беа повикани како експерти од Владата на Македонија да дебатираат на јавната расправа за измените на уставните амандмани добиле по 20.000 денари хонорар, потврдија од Владата.

Од таму појаснуваат дека хонорар им е исплатен само на оние кои подготвиле стручни трудови кои требало да бидат презентирани пред јавноста.

– Владата обезбеди хонорар за експертите кои подготвија стручен труд во рамки на јавните дебати. Износот на тој хонорар е 20 илјади денари. На оние на кои им нарачавме да достават експертиза, односно стручен труд. Тие добија хонорар, а не сите учесници – појасни владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

 

Поврзани новости